Купка од три состојки ја подобрува циркулацијата: Спас за уморни и отечени нозе

popara23 март, 20231min00
676

Купката го намалува стресот и го подобрува расположението.

Еден од најубавите ритуали после напорниот работен ден е моментот кога уморните стапала ги ставате во топла купка, се опуштате и препуштате на релаксирачки момент.

Доколку имате слаба циркулација или долго седите или стоите на работа, оваа домашна купка за стапала може да ви помогне. Според истражувањата, есенцијалните масла можат да го подобрат протокот на крв, но и да ја намалат напнатоста и да го подобрат расположението.

Состојки за топла купка за подобра циркулација:

– 1/2 шолја мелен или свежо рендан ѓумбир

– 5 до 20 капки есенцијално масло по ваш избор (се препорачува лимон, маточина или жалфија)

– 6 лажици основно масло по избор

Подготовка:

Ставете го ѓумбирот во 200 мл зовриена вода, па додадете го во леген со топла вода или во када.

Соединете ги основното и есенцијалните масла, па додајте ги во водата во која ќе ги натопите стапалата. Измешајте сè и уживајте во мирисот и релаксацијата.

Ако сакате, можете малку да ги масирате стапалата додека се потопени во купката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma