Колку и да можат да бидат прекрасни, жените не се нималку наивни, ниту глупави, ниту пак се светици. Се разбира дека жените, исто како и мажите, лажат.
А во врска со што? Буквално за се и сешто, вклучувајќи го и сексот. Во шок сте? Ќе бидете дури кога ќе сфатите какви лаги се способни да изговорат.
„Ова беше најдобриот секс досега“
Некогаш да! Но, во повеќето случаи едноставно е во ред или добар. Нема потреба секој пат да се глуми воодушевување.
„Да, секако дека доживеав оргазам“
За жал, повеќето жени не сакаат да го разочараат партнерот, па често се согласуваат дека доживеале оргазам. Најдобро е да му кажете на партнерот што најмногу ве радува и како да ве доведе до тоа, наместо да глумите.
„Ништо нема да се промени меѓу нас“
Ова особено важи за сите оние пријатели кои се впуштиле во сексуални односи мислејќи дека тоа нема да го промени нивниот однос. Дали е тоа точно? Не сме навистина сигурни.
„Не, не се засрамив, тотално сум кул“
О, не, воопшто не се засрами од тој чуден звук што го испушти твоето тело.
„Да, би сакала повторно да имаме секс – веднаш“
Признајте дека прво малку би се галеле со него?