Кога надвор е премногу топло за да се готви, најдобриот оброк се раскошните салати кои ќе ве заситат и ќе ве освежат во исто време. Користете летен зеленчук и миризливи билки, а за прелив, предност дадете на финото маслиново масло. Наместо туна ќе послужи и наут од конзерва. Киноата е одличен избор, но доколку ја немате при рака, слободно заменете ја со ориз, кој по готвењето го оставате малку да се излади.
Состојки:
40 гр киноа
2 лименки туна
2 домати
2 млади кромидчиња
80 мл маслиново масло
3 супени лажици сок од лимон
1 краставица
3 лажици сечкано свежо нане
2 китки магдонос
¼ лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
Подготовка:
Гответе ја киноата според упатствата на пакувањето. Измешајте маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер во голем сад додека не се соединат добро. Промешајте ја сварената киноа.
Во меѓувреме се сечкаат магдоносот, краставицата, доматите, кромидот и нането и се додаваат во садот, се додава и исцедената туна.
Измешајте сè додека не се соедини добро. Послужете на собна температура или разладено од фрижидер.