ЛАДНИ КАКО ЛЕД! Луѓето родени под овие хороскопски знаци НИКОГАШ не покажуваат ЧУВСТВА, тоа го сметаат за слабост

popara5 јануари, 20231min00
shutterstock_757891837

Постојат личности што отворено ги искажуваат емоциите. Има и такви кои ги затскриваат позади дебела фасада. Па, другите неретко погрешно ги доживуваат, мислејќи дека се оперирани од чувства.

 

 

 

Во првите без сомнеж се вбројуваат Рибите и Раковите. Родените во овие два знака се хиперсензибилни личности, кои едноставно не можат да сокријат што им лежи на срце и душа.

 

Другата група, според астролозите, ја сочинуваат три ѕвездени претставници.

 

Тие секогаш последни ги покажуваат своите емоции и чувства. Дотогаш останатите луѓе се убедени дека не ги ни имаат.

 

Ова се хороскопските знаци кои делуваат ладни и недостапни – а воопшто не се такви:

 

ВОДОЛИЈА

 

Се разбира дека тие имаат емоции. Ова не е спорно. Меѓутоа, ретко говорат за нив, сокривајќи ги како позитивните, така и негативните. Зошто прават така Водолиите? Бидејќи родените во овој хороскопски знак се честопати несигурни.

 

Не знаат дали ќе ги пронајдат вистинските зборови, за да го опишат она што всушност го чувствуваат. Типична изјава им е: „Никогаш немам размислувано за ова.“

 

 ОВЕН

Овните се познати како импулсивни и спонтани личности. Низ животот се постојано во некаква трка. Итајќи први кон целта, тие немаат доволно време интензивно да се позанимаваат со сопствените чувства.

 

Затоа честопати делуваат емоционално недостапни – па речиси и недопирливи. Типична изјава им е: „Ајде подобро да уживаме во моментот!“

 

СТРЕЛЕЦ

Личностите родени во овој знак им се чинат прекрути на луѓето околу себе. Стрелците генерално важат за изразено силни и моќни индивудуи. Проблемите од работа, или, пак, дома, мошне ретко ги пренесуваат од едно на друго место.

 

Гледано отстрана – тие навистина делуваат како оперирани од емоции. Типична изјава им е: „Прејди преку тоа.“

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag