Направете фантастична лажна пита со сирење од бајат леб.
Лажните пити стануваат сè попопуларни, поради нивната лесна подготовка и фантастичниот вкус. Можат да се направат од речиси секоја намирница, а ние предлагаме да пробате лажна пита со сирење од бајат леб. Подготовката е едноставна, состојките се евтини, а најдобра е ако ја служите со ајвар или јогурт.
Состојки:
1 багет, 1/2 л млеко, 5 јајца, 20 гр стопен путер, тврдо сирење
Подготовка:
Јајцата се матат со млекото, се додаваат растопениот путер и солта. Истурете ја смесата во тепсија. Багетот исечете го на кришки и наредете го во тепсијата. Оставете околу 5 минути да ја впие смесата, па свртете и посипете со рендано тврдо сирење. Се пече во загреана рерна на 190°C околу 25 минути.
Пријатно!