Ако постите, тогаш можете да направите лазањи со печурки.
Состојки:
1 кг кора за гибаница
1 кг печурки
три главици кромид
три лажици брашно
1,5 л топла вода
растителен кашкавал околу 300 гр
сол, бибер
Подготовка:
На масло пропржете ги ситно исечканите кромид и печурки, зачинете по вкус и оставете малку да се изладат. Во длабок сад на масло пропржете три лажици брашно, налејте еден и пол литар топла вода и измешајте да се скршат грутките.
Во подмачкана тава наредете три кори, прелијте ги со сосот од брашно, па со фил од печурки и изрендајте кашкавал. Повторете ја постапката додека не се искористи целиот материјал.
Последната кора само премачкајте ја со сос и печете во рерна загреана на 180 степени околу половина час додека не порумени. Пред сервирање, исечете ги лазањите на квадрати и посипете ги со уште малку кашкавал.
Пријатно!