Ламар Одом ги откри деталите од неговиот бурен брак со Клои Кардашијан: „Љубовникот се огласи да каже дека се предозирал“

popara6 јануари, 20231min00
Screenshot_3

„Ја лажев Клои за да излезам од дома и да одам да се дрогирам со друга жена“ – во ново интервју, поранешниот сопруг на Клои Кардашијан откри дека ријалити ѕвезда поминала низ пекол поради неговата зависност од дрога и секс.

 

 

 

Ламар Одом, поранешниот сопруг на Клои Кардашијан, во интервју за TMZ открива детали од нивниот бурен брак, вклучувајќи ги неговите проблеми со зависност од дрога, но и бројните неверства.

 

Клои и Ламар се запознаа во 2009 година, а неколку недели подоцна се верија. Само девет денови по веридбата, тие направија и луксузна свадба.

 

Нивниот брак беше дел од ријалити шоуто на Кардашијан, а парот имаше и свое реално шоу кое се прикажуваше две сезони.

 

Сепак, во 2013 година, Клои поднесе барање за развод, по гласините дека кошаркарот користи дрога и ја изневерува. Две години подоцна, Ламар се предозира во бордел, што ја закочи процедурата за разводот од Клои.

 

Тие го финализираа разводот во 2016 година.

 

Сега, 43-годишниот кошаркар отворено прозборе за овој период од неговиот живот.

 

Ламар вели дека честопати ја лажел Клои дека има обврски, само за да оди да користи наркотици:

 

„Што можев да ѝ кажам на Клои кога сакав да излезам на неколку часа? Да излезам за да се дрогирам со некоја непозната жена“.

 

Иако Ламар честопати зборува за неговата зависност, ова е можеби првпат да ги спомне и проблемите со Клои.

 

За себе, кошаркарот вели дека ја „измамил смртта“ штом уште е жив по предозирањето.

 

Имено, тој мислел дека повеќе нема да може да оди откако поминал три дена во болница без свест.

 

„Сите лекари кои беа околу мене кога се случи инцидентот, мислеа дека станува збор за чудо. Кога се разбудив, мислев дека нема да можам да одам“.

 

Сепак, Ламар тврди дека таа вечер не користел наркотици и дека сопственикот на борделот сакал да го убие.

 

„Се обиде да ме убие. Не знам како. Не знам. Но, само можам да ви кажам дека отидов таму, не користев дрога, а на крај имаше дрога во мојот организам.

 

Отидов таму, испив една пијачка. Се разбудив три дена подоцна во болница, не знаејќи како сум завршил таму. Не можев да зборувам, ниту да одам“.

 

Тој вели и дека навистина му недостасува Клои, но и целото нејзино семејство.

 

„За жал, знаете, поради моето однесување и моите лоши одлуки, повеќе не зборуваме. Многу ми недостасува нејзиното семејство.

 

Мораме да живееме со нашите одлуки и со надеж дека луѓето ќе можат да ни простат некогаш“.

 

Ламар вели и дека јавноста не е ни свесна низ каков пекол поминала Клои само поради него.

 

Според него, зависноста излегла од контрола во 2011 година, кога починал негов братучед. Извесен период успевал да се скрие од Клои, но по некое време таа сепак дознала.

 

„Дрогата – таа беше мојата љубовница. Тој период имав сопруга и кокаин. Не можете засекогаш да го криете тоа. Беше многу повредена, но Клои беше добра сопруга. Сакаше да ме заштити. Беше покрај мене.

 

Зад камерите, поради мене помина низ пекол. Има многу работи што не ги знаете. Приказните што не сте ги слушнале се многу, многу луди“.

 

Покрај зависноста од дрога, Ламар се справувал и со зависност од секс, па честопати ја изневерувал Клои.

 

Во една ваква ситуација, Ламар толку претерал со наркотици, што жената која била со него почнала да се плаши за неговиот живот.

 

„Бев со една жена и зедов толку многу дрога, што таа ми го зеде телефонот и ѝ се јави на Клои. Ѝ рече дека полудувам, дека мора да дојде по мене. Дека ќе се убијам. Таа вечер ме однесоа во болница“.

 

По разводот и предозирањето во борделот, кошаркарот имал сериозни финансиски проблеми.

 

„Ова покажува колку е моќна зависноста. Постојано го гледаме ова, во Холивуд се случува постојано. Јас сум еден од среќните кои преживеаја“.

 

Во интервјуто, Ламар има само пофални зборови и за Клои, но и за мајка ѝ Крис Џенер.

 

„Ја викав ’мамо‘. Ми покажуваше многу љубов. Беше одлична. Ја сакав“.

 

Тој вели и дека не губи надеж дека можеби ќе има уште една шанса со Клои, истакнувајќи дека таа е единствената жена покрај која се чувствувал доволно среќно за да стапи во брак.

 

„Секако дека сакам да го подобрам односот со Клои, но мислам дека не треба да ја побарам сега. Би сакал само да ја однесам на вечера. Но, премногу сум срамежлив и мразам одбивања. Страв ми е“.

 

Кошаркарот изјави и дека му е жал што Тристан Томпсон ја повредува исто како него:

 

„Кога таа е повредена, секако дека страдам и јас. Мислам дека многу повеќе ме повредува тоа што не можам да ја заштитам. Но, можам да ја заштитам само ако таа го побара тоа“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma