Повеќето коментари се прилично кратки и јасни: „дедо!“
Антонио Бандерас со децении го негува имиџот на латино-заводник: кратка коса, уредна фризура, избричено лице – тоа беше неговиот рецепт за убавина што ги привлекуваше жените ширум светот.
Но познатиот актер на 63 години одлучил дека време е за поприроден и поопуштен изглед.
Отсега па натаму, неговиот заштитен знак ќе биде дивата, природно кадрава коса и неуредната брадичка „од три дена“.
Тој комплетно се одлучил за природен изглед, а доказ за тоа се и седите влакна кои се прошарале на косата и на брадата на познатиот шпански заводник.
Новиот изглед Бандерас го претставил на гала-настан во Малага, неговиот роден град, каде што се појавил во исто толку опуштен стајлинг – памучна кошула со кратки ракави и панталони во поинтензивна нијанса на беж.
Понел и кафен ремен и антилоп обувки во камел боја.
Сите присутни се изненадиле од оваа драстична промена, но некои велат дека ова воопшто не е чудно, со оглед на тоа што актерот започнал процес на промени на повеќе животни полиња уште пред шест години.
Тогаш доживеал срцев удар и тоа, наводно, бил пресвртот во неговиот живот, кога научил да препознае што е навистина важно во животот.