За сонот да ви биде квалитетен не е важно само колку долго спиете, туку и кога легнувате да спиете. Не е исто да спиете од 23 часот до 7 часот наутро и од 1 часот до 9 наутро.
За возрасниот човек најдобар сон е оној кој се одвива од полноќ па до 7 часот наутро, а ова можете да го забележите и самите по една непроспиена ноќ или при промена на временските зони кога патувате.
Потоа потребни ви се неколку дена за да се вратите во својата нормална состојба и да се прилагодите.
За да може мозокот нормално да функционира неопходно е добро да се наспиете, но покрај должината на спиење важен е и ритамот на спиење. Токму затоа, идеално време за легнување е 23 часот.
Потребно е да одржувате континуитет на сонот, бидејќи честото менување на времето за легнување и бројот на часови поминати во спиење може сериозно да му наштетат на вашето здравје, а и расположение.
Нередовниот сон ве прави раздразливи, нерасположени и често ги заборавате важните работи, бидејќи концентрацијата и способноста на мозокот да се присетува, драстично се намалени.
Неспиењето неповолно влијае на целокупниот организам, бидејќи го намалува имунитетот и отвора можности за појава на инфекции. Ненаспаните луѓе се поподложни и често се разболуваат од настинки и грип.
За здрав сон потребно е да внимавате и на животните навики. Пред спиење не е добро да: вечерате обилно, пиете алкохол, пушите цигари и да јадете големи количини на чоколадо.