Бисквит торта со овошје и јогурт, без печење и готов за само неколку минути.
Кога ќе се излади, тоа е совршено освежувачко задоволство за време на овие високи температури. Лесно, кремасто, просто се топи во устата!
Состојки:
600 гр бисквити
100 гр шеќер во прав
700 мл овошен јогурт со кајсии
2 нектарини
4 кајсии
300 мл слатка павлака
Подготовка:
Со раце искршете ги бисквитите, додадете го шеќерот во прав, кратко измешајте, па прелијте со овошниот јогурт и сè убаво измешајте.
На крајот додадете го исецканото овошје и нежно измешајте да не се изгмечи. Филот префрлете го во калап со раб, притиснете и измазнете, па прелијте со изматената слатка павлака и оставете да се излади преку ноќ.
Изладената торта украсете ја по желба.
Уживајте!