Бришењето прозори не е омилена работа на сите домаќинки, особено во зима, бидејќи од греењето побрзо се валкаат и фаќаат прашина.
За да не собираат прашина, обидете се со трик за чистење што е често споделуван на социјалните мрежи, пишува Metro.uk.
Се што ви треба е вода, омекнувач и крпа од микрофибер.
Истурете капаче со омекнувач во голем сад, додадете три пати повеќе топла вода и сè добро измешајте. Ако течноста изгледа премногу лигава, истурете повеќе топла вода.
Натопете крпа од микрофибер во течноста, а потоа избришете ги со неа стаклата на прозорците и исполирајте ги со весник.
Можете да ги избришете радијаторите со истата течност; мирисот на омекнувачот ќе се шири низ домот, особено додека радијаторите се топли.