Лесно и едноставно: Пет начини како да ги отстраните влакната на домашните миленици од мебелот и други површини

popara15 февруари, 20231min00
shutterstock_2155296107

Сите сакаме домашни миленици, но ако имате проблем со нивното митарење, нема сомнеж дека понекогаш едноставно ја губите главата.

Само што ќе исчистите, средите и исправосмукате, кога повторно ќе се појават магично нови влакна.

Сепак, постојат неколку начини на кои можете сами да си го олесните отстранувањето на влакната:

Домашен спреј

Измешајте вода и неколку капки омекнувач во шишето. Испрскајте ја облеката или мебелот, за влакната помалку ќе се лепат за нив. Откако ќе го испрскате мебелот, можете да го поминете со влажна крпа.

Самолеплива лента

Купете широка самолеплива лента во продавницата, завиткајте ја околу раката, а потоа допрете ја на облеката за да ги соберете влакната.

Гумени ракавици

Навлажнете ги гумените ракавици (за чистење на куќата). Гумата има антистатички ефект. Поминувајќи преку облеката, влакната ќе се залепат за нив.

Машина за сушење

Ако имате машина за сушење, пред миење, ставете ги предметите во неа, заедно со неколку влажни микрофибер крпи. Изберете програма без греење, 10 минути. Влакната ќе се залепат за крпите.

Местото каде што спие

Најмногу влакна се наоѓаат таму каде што спијат домашните миленици, па затоа е важно тоа место редовно да се чисти, за да може помалку влакна да се шират низ останатиот дел од станот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma