Лили Колинс: „Претрпев вербална и емоционална злоупотреба во една врска“

popara11 февруари, 20231min00
o_27912609_1280

Актерката Лили Колинс отворено зборуваше за нејзината мината токсична врска која ја остави трауматизирана до ден-денес. Во интервју за подкастот „We Can Do Hard Things“, таа откри дека претрпела вербална и емоционална злоупотреба во поранешната врска. Ѕвездата од „Emily in Paris“ рече дека нејзиниот поранешен партнер направил да се чувствува „многу мала“ и неговите коментари веројатно придонеле за нејзиното нарушување во исхраната. Таа не го именуваше партнерот во подкастот што го води Гленон Дојл.

– Ме викаше „Малата Лили““, се присети актерката. „Користеше ужасни зборови опишувајќи ја облеката што ја носев, ме нарекуваше погрдни имиња и називи“, открива Лили.

image

Поради ваквите погрдни имиња почнала да има негативни чувства кон себе. „Станав многу тивка и ми беше удобно во тишина, почувствував дека треба целосно да се намалам за да се чувствувам безбедно“, изјави актерката за подкастот.

По завршувањето на таа токсична врска, 33-годишната актерка побарала терапија. Таму сфатила дека нејзината потреба да се „минимизира што е можно повеќе“ веројатно ја натерала да го искористи своето нарушување во исхраната како одбранбен механизам за да се заштити од злоупотреба.

Таа го спореди своето искуство со животинскиот свет – кога животното е плен и нападнато, тоа одбива да јаде – веројатно затоа што тоа би го направило помалку привлечно за предаторите. „Така се чувствуваат најбезбедно“, рече Колинс. Таа денес е среќно мажена за Чарли Мекдауел, но сепак се справува со одредени трауми.

image

„Ситуацијата е сосема поинаква сега отколку пред десет години. Иако денес имам здрава врска, има момент што се случува во текот на денот кога ми се враќа минатото. Тоа е како милисекунда или помалку од милисекунда. Цревата ти реагираат, срцето почнува да ти чука и наеднаш си назад во моментот кога тоа ти го кажале пред десет години. Но, повеќе не си таму. Ужасно е тешко“, објасни актерката.

„Сега го имам мојот прекрасен сопруг во животот кој ме поддржува, комуницираме и разговараме за се“, додаде Лили, која се омажи за Чарли во 2021 година. Колинс не го откри идентитетот на тоа поранешно момче, но се знае дека таа била поврзана со голем број актери во минатото, вклучувајќи ги Тејлор Лотнер, Зак Ефрон, Крис Еванс и Ник Џонас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag