Лимончело лимонадата е одличен аперитив, но и дигестив. Всушност, можете да ја пиете кога сакате. Како што сугерира името, тоа е лимонада која е збогатена со италијански ликер од лимон – Limoncello.
Можете сами да направите лимонада или да купите флаширана лимонада за да го скратите целиот процес. Лесно можете сами да направите сируп од лимон, а не заборавајте да додадете и вотка од лимон – на овој коктел му дава посебна длабочина на вкус.
Измешајте сè заедно со малку мраз – и подготвени сте да уживате во Лимончело лимонадата.
Состојки:
Мраз
Лимончело 120 ml
120 мл лимонада
65 ml топла вода
50 гр шеќер
30 мл вотка од лимон
5 супени лажици свежо исцеден сок од лимон
парчиња лимон за сервирање
Подготовка:
Направете сируп од лимон: во мало тенџере измешајте шеќер, 5 лажици свежо исцеден сок од лимон и 65 ml топла вода. Измешајте сè додека не се раствори шеќерот. Добиената течност оставете ја малку да се излади.
Во блендер ставете мраз, лимонада, Лимончело, вотка и 30 мл од добиениот сируп од лимон.
Пулсирајте додека состојките не се соединат и не добиете пијалок како кашеста маса.
Истурете го напитокот во чаша и украсете со парче лимон.
На здравје!