Лиса Мари Присли, ќерката на Елвис Присли, почина на 54 години

popara14 јануари, 20231min00
o_27590923_1280

Лиса Мари Присли, пејачка и ќерка на легендата на рокенролот Елвис Присли, почина на 54-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзината мајка Присила Присли, а американските медиуми објавија дека таа починала од срцев удар откако во четвртокот итно била пренесена во болница.

image

„Со тешко срце морам да ја споделам поразителната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиса Мари нè напушти“, рече Присила, додавајќи дека Лиса била „најстрасната, најсилната жена полна со љубов“ што ја запознала.

„Бараме приватност додека се обидуваме да се справиме со оваа длабока загуба“, рече таа на крајот.

image

Присила не откри детали за можната причина за смртта, но извори блиски до Лиса Мари изјавија за ТМЗ дека ѕвездата била пронајдена без реакција во спалната соба на нејзиниот дом во Калабасас, Калифорнија во четвртокот наутро. Нејзиниот поранешен сопруг Дени Кеу, кој исто така живее на имотот, вршел реанимација додека не пристигнале болничарите и не го преземале тоа. Болничарите наводно успеале да ѝ го вратат пулсот пред да биде пренесена во болница.

Лиса остави три деца, актерката Рајли Киу, која ја имаше со нејзиниот прв сопруг Дени, и близнаците Харпер и Финли Локвуд, чиј татко е гитаристот Мајкл Локвуд. Нејзиниот син Бенџамин Кеу се самоуби во 2020 година.

Потсетуваме дека Лиса Мари е родена точно 9 месеци по венчавката на Елвис и Присила. Откако Елвис почина од срцев удар во 1977 година, таа стана една од наследниците на неговиот имот, заедно со нејзиниот дедо и прабаба. Таа продолжи по стапките на нејзиниот татко и стана пејачка и текстописец, а го издаде својот деби албум „To Whom It May Concern“ во 2003 година.

image

Присли беше во брак четири пати. Само еден месец по разводот со Дени Кеу во 1994 година, Лиса Мари го шокираше целиот свет со бракот со легендарниот Мајкл Џексон. Набргу по венчавката, парот сподели иконски бакнеж на сцената на MTV Video Music Awards.

Сепак, нивната љубов не траеше долго и се разведоа по неполни 2 години, а во 2002 година Лиса Мари се омажи за Николас Кејџ. Но, и тој брак се „распадна“ за неколку месеци и актерот поднесе барање за развод. Миленичката на Елвис последен пат стоеше пред олтарот во 2006 година со Мајкл Локвуд, со кој беше во брак следните десет години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma