ЛИСНАТО ТЕСТО СО КРЕМ ОД ВАНИЛА И ЈАГОДИ! Крцкав десерт кој е подобар од оној од пекара (ВИДЕО)

popara28 април, 20231min00
692690_screenshot-3_f

Наместо да купувате благо од продавница, можете да направите крцкаво слатко лиснато тесто со јагоди и крем од ванила.

Состојки:

лиснато тесто

1 жолчка

листови бадем

500 мл млеко

120 гр шеќер

2 кесички пудинг од ванила

200 гр јагоди

шеќер во прав

Подготовка:

Лиснатото тесто развлечете го, па префрлете го на хартија за печење. Исечете 16 квадрати, а потоа премачкајте ги со изматена жолчка од јајце.

Тестото со хартија за печење префрлете го во плех, посипете со снегулки бадем и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Оставете да се излади. Во млекото додадете ги шеќерот и пудинзите и убаво соединете.

Варете додека не се згусне со постојано мешање. Поделете го тестото на половина, па наполнете со изладен фил од ванила и сечкани јагоди. Посипете со шеќер во прав.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag