На социјалната мрежа TikTok можете да најдете безброј трикови и за шминка и за нега на кожата на лицето, а овој пат вирален стана трик за совршени локни без употреба на топлински препарати.
Тиктокерката Изабела Кејт сподели видео во кое прави совршени локни само со помош на четка за коса.
@isabellakatee Who’s tried this yet??🤎 #denmanbrush #hairhacks #heatlesscurls
Во видеото кое го сподели со своите следбеници, можете да видите како таа ги обвиткува влажните помали прамени коса околу рачката на четката, а потоа кога ќе стигне до скалпот, го држи праменот на коренот и нежно ја одвиткува четката во спротивната насока.
@isabellakatee OBSESSED👀 #heatlesscurls #hairhacks #hairtok #hairtutorial
Нејзиното видео беше прегледано повеќе од 24 милиони пати, а корисниците беа воодушевени, а многумина беа шокирани од техниката што таа успешно ја применува.