Филетите од лосос, компирите, зачините и уште неколку состојки, заедно печени во рерна ќе ви дадат одличен оброк.
Доколку не сте сигурни што би можеле да подготвите за вечера или ручек, овој лосос со компири е секако вистинскиот избор:
Состојки:
маслиново масло
800 гр компири
600 гр филе лосос
две чешниња лук
еден помал лимон
една лажица копар
сол, бибер
Подготовка:
Излупете ги компирите, исечете ги на поголеми парчиња, па обарете ги во солена зовриена вода 15 минути. Исцедете ги и префрлете ги во огноотпорен сад, посолете, додадете бибер и зејтин, па додајте ги целите чешниња лук и копарот. Филетите лосос зачинете ги по вкус, ставете ги врз компирите и печете во рерна на 200 степени 20-25 минути.
Пријатно!