Ако сакате вашата кожа да остане младешка и да ви биде благодарна со текот на времето, тогаш заборавете на овие лоши навики уште денес.
Добивањето на брчки е дел од процесот на стареење и иако тоа го сметаме за нормално сепак водиме битка со нив.
Овие лоши навики само го забрзуваат процесот на стареење на кожата:
- Пушење цигари
Еден од најчестиот и најголем причинител за предвременото стареење и појава на брчките е токму пушењето на цигари. Оставете ги цигарите што поскоро…
- Начинот на исхрана
Доколку сакате вашата кожа да биде здрава, тогаш обрнете внимание на она што го консумирате. Откажувањето од рафинирани шеќери ќе го подобри изгледот на вашето лице. Можеби преголемото количество слатки нема да се одрази на вашето тело, но вашата кожа ќе ви ги покаже резултатите со текот на годините.
- Пиење алкохол
Алкохолот ја доведува кожата до дехидрација. Откога ќе поминете цела ноќ во пиење алкохол, следното утро вашата кожа нема да биде свежа, а доколку продолжите со истиот тек за брзо време кожата ќе ја изгуби својата еластичност и така ќе се создадат брчките.
- Гуми за џвакање
Иако ги сметаме за безопасни, сепак тие создаваат брчки кои се видливи под долната усна. Станува збор за навика која лесно можете да ја отстраните или сведете на минимум, а брчките околу устата нема да ви создаваат дополнителни проблеми.
- Заспивање со шминка
Ако редовно заспивате со шминка, тоа ви е исто како да го молите вашето лице да создава брчки. Дозволете ѝ на кожата да дише и да одмори од сите оние козметики кои ги нанесувате во текот на еден ден, а таа ќе ви врати со свежина и мекост.
- Чепкање на мозолчиња
Престанете да ги чепкате акните, наместо тоа оставете ги самите по себе да поминат. Набавете лосиони со кои ќе ги лекувате акните или редовно правете пилинзи на лицето. Со секое чепкање на лицето создавате иритации и брчки.
- Развлекување на кожата во текот на шминкањето
Додека ставате маскара не ја развлекувајте кожата нагоре или пак додека ги отстранувате влакненцата од веѓите. Ако ви е потребно, мрдајте го целото лице во текот на шминкањето, а не само дел од него.
- Кремата со заштитен фактор е задолжителна
Дури и само неколку минути на сонце, може да предизвикаат појава на брчки. Затоа без разлика што и да правите нанесете си крема со заштитен фактор секој ден.
- Начин на спиење
Најдобро е да спиете на перници со сатенска навлака кои ќе ја спречат кожата од туткање или превиткување во текот на ноќта. Според дерматолозите, најдобро е да спиете легнати на грб.