Лук Еванс изгуби 8 килограми, па се пофали со неверојатните мускули

popara3 декември, 20234min00
o_31375499_1280

Актерот Лук Еванс на социјалните мрежи се пофали дека изгубил речиси 8 килограми за само 10 недели.

44-годишникот реши да им покаже на своите обожаватели како изгледа сега, па сними видео пред огледалото, позирајќи без кошула само во фармерки.

„Леле, какво тело“, „Не знам како можеше да ослабеш 8 килограми кога претходно немаше ни вишок“, се само дел од коментарите кои неговите обожаватели ги напишаа под фотографиите. Лук исто така објасни како ги изгубил килограмите откако глумел во претставата во лондонскиот Вест Енд. Имено, тој од септември игра во претставата Backstairs Billy која е веќе хит. Станува збор за комедија базирана на вистинската приказна за необичното пријателство на британската кралица Елизабета, или кралицата мајка како што ја нарекуваа, и Вилијам Талон, или Били Бекстерс, кој со години ѝ беше најверниот слуга. Тоа е приказна за најневеројатно пријателство.

Лук очигледно бил многу добро извежбан од работата, но и „исцрпен“, па со описите на сликата се пожалил дека не е се така идеално.

„Единствената негативна страна… зимата е тука“, се пошегува тој покрај описот на видеото, веројатно алудирајќи на тоа како никој нема да може да ги види неговите совршени мускули сега кога не е време за одење на плажа.

Во видеото сподели и дел од својата рутина за убавина, поточно дека користи маска за пределот околу очите.

„Студените маски се најдобриот пријател на секој 44-годишник“, додаде Еванс.

Наскоро Еванс има нов филм. Станува збор за драмата Our Son во која главните улоги ги толкуваат Еванс и Били Портер, поточно пар кој се кара за старателството над својот 8-годишен син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Evans (@thereallukeevans)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma