Луѓето полудеа по МЛЕКО ОД КОМПИР: Тоа е ШВЕДСКИ РЕЦЕПТ за долговечност, а еве како се прави

popara15 мај, 20231min00
54549_screenshot-34_f

По млекото од соја и бадем, нов хит е млекото од компир произведено од шведска компанија.

Сегашната цена се движи од 3 до 5 евра за литар, а Швеѓаните тврдат дека ова млеко може да ви помогне подобро да ја сварите храната, особено ако страдате од запек, надуеност или гасови.

Млекото од компир е исто така одличен извор на влакна, витамин Б12, железо и фолати.

Инаку, рецептот е земен од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунг, која во 2017 година произведе необично вкусна и кремаста „емулзија од компир“. Млекото се продава во три варијанти: оригинално, бариста и незасладено.

Производителите тврдат дека ова млеко е добар извор на витамин Ц, калиум, магнезиум и антиоксиданси и дека, што е уште поважно, е најмалку штетно за животната средина од сите билни пијалоци.

Млекото од компир исто така содржи помалку шеќер и масти и не содржи вообичаени алергени, што го прави одличен избор за луѓе кои се чувствителни на лактоза, глутен или јаткасти плодови.

Како сами да направите млеко од компир?

Излупете ги компирите и сварете ги. Кога ќе бидат готови, ставете ги во блендер. Додадете половина вода и малку мелени бадеми (по желба).

Додадете прстофат сол и природен засладувач. По желба додадете малку екстракт од ванила. Сето тоа изблендирајте го и ставете го во сад.

Погледнете го видеото со упатства за подготовка:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag