Хари Стајлс имаше ноќ за паметење на Греми наградите, каде што беше награден за најдобар поп соло албум и албум на годината. Поранешниот член на One Direction е толку пофален што некои сугерираа дека тој е новиот „Дејвид Боуви“.
Свое мислење за ова даде американскиот продуцент Тони Висконти. Кој беше долгогодишен соработник на Дејвид Боуви.
По тој повод Висконти се огласи на социјалните мрежи. Според она што го напишал, Хари Стајлс има уште малку работа за да го достигне она што е Дејвид Боуви во неговата кариера.
“Некој штотуку ми кажа дека Хари Стајлс е новиот Боуви? Од она што го видов вечерва (Греми награди) тој не е достоен да блесне во чевлите на Боуви”, напишал Тони Висконти, пренесува NME.
Дали мислите дека Хари Стајлс е новиот Дејвид Боуви?