Амал Клуни важи за една од најстилските дами во светот на шоубизот.
Амал Клуни е на радарот на сите шоубиз медиуми од моментот кога се дозна дека е во врска со познатиот Џорџ Клуни.А бидејќи се венчаа,почна толку често да се пишува за неа,што денес можеме да видиме повеќе вести за Амал за нејзиниот стил отколку за Клуни.Амал важи за една од оние дами кои едноставно не можат да погрешат кога е во прашање изборот на аутфити.Така беше и на нивната свадба.Тој ден е посебен во животот на секого и нормално е да се потрудат да изгледаат што поубаво.
А Амал навистина изгледаше магично.За нејзината венчаница и денес се пишува.
За нејзиниот „најсреќен ден во животот“,како што популарно се нарекуваат свадбите,таа носеше креација на дизајнерот Оскар де ла Рента.Овој уметник за жал почина,но неговите креации се вечни.Тоа секако ја вклучува и венчаницата на Амал Клуни.
Тоа беше модел без ракави со голи рамена.Венчаницата беше многу долга,а на дното беше целосно затворена,без шлиц.Џорџ во оваа прилика се одлучи за класичен црн костум со машна.
Според многумина Џорџ и Амал се еден од најубавите парови на светот,што прекрасно го илустрира оваа свадбена фотографија.