МАГИЧНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА СО ОМБРЕ ТЕХНИКА! Убавите нијанси ќе ве воодушеват, а постапката е едноставна (ВИДЕО)

popara8 април, 20231min00
553611_vaskrsnje-jaje_f

Домаќинките се подготвуваат за бојадисување јајца и Велигден. Пробајте ја омбре техниката на боење јајца за да добиете убави нијанси.

Состојки:

5 јајца

боја по ваш избор

оцет

чаша

пластично капаче

топла вода

Постапка:

Ставете го капачето на дното на чашата, а потоа ставете го јајцето што сте го свариле на вообичаен начин. Во сад измешајте ја бојата за јајца со една лажица оцет и две лажици вода.

Не ги следете упатствата на кесата или пакувањето, бидејќи тој прв слој на боја треба да биде најтемниот. Во чашата во која е јајцето истурете околу 2 цм од измешаната боја за да го покрие само долниот дел од јајцето.

Оставете го да отстои така 5 минути. После тоа време, истурете уште 1 см топла вода во чашата и почекајте 3 минути. После тоа, повторно истурете вода и овој пат почекајте 2 минути. На крајот извадете го јајцето и оставете го да се исуши.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma