Мадона итно примена во болница

popara29 јуни, 20231min00
Screenshot_4

Поради здравствени проблеми Мадона заврши во болница каде е задржана на одделението за интензивна нега.

 

 

 

Веста за здравствените компликации на пејачката првично ја објави нејзиниот менаџер, во соопштение во кое се наведува дека кралицата на попот била принудена да ја откаже турнејата поради лошата здравствена состојба.

 

-Во саботата, на 24 јуни, Мадона разви сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневен престој на одделот за интензивна нега. Нејзината состојба се подобрува, но се уште е под лекарска нега. Се очекува целосно закрепнување. Во овој момент ќе мораме да ги паузираме сите обврски, што ја вклучува и турнејата. Ќе споделиме повеќе детали штом ги имаме, вклучително и нов датум за почеток на турнејата и презакажани настапи, објави менаџерот на Мадона.

 

Мадона била пронајдена во несвест од нејзината ќерка во Њујорк, па веднаш била пренесена во болница, пишува „Пејџ шест“.

 

Според пишувањата на медиумите, Мадона била интубиирана по приемот во болница. Сега е свесна и се опоравува.

 

Гај Озири, менаџерот на пејачката, објасни дека Мадона се уште е под лекарска нега, а поради компликациите на нејзината здравствена состојба, сите деловни обврски се одложуваат.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag