Фасцинантна посветеност на музичка дива.
Америка „роди“ бројни талентирани изведувачи,некои останаа запаметени по змејскиот глас и небесните височини во тонови,некои по контроверзните изведби,но мал е бројот на оние кои станаа повеќе од пејачи и изведувачи – еден вид бренд,култен феномен,личност која интригира различни генерации.Мадона припаѓа на таа избрана група.
Повеќедецениската кариера која продолжува до ден-денес и обезбеди „место под ѕвездите“ и белег во вечноста; деновиве е на удар на јавноста поради очигледните естетски промени на лицето,но нејзината фигура и понатаму е за восхит.Иако ја гази седмата деценија од животот,рутината на иконата не е нималку поблага од периодот кога таа парадираше со мускулести раце во хитот “Like a prayer” .
А знаете ли каков ригорозен тренинг поминува суперѕвездата?
Два часа вежбање,седум дена во неделата (танц, пилатес,јога, тренинг за сила) – вклучително и убиствена програма за возење велосипед 40 километри,потоа трчање,па качување по 100 скали,по пет серии.
Фасцинацијата со мускулатурата на Мадона е оправдана,понекогаш,еднаква на фасцинацијата со нејзината музика, пренесува „Vogue.