Мадона ја објави првата фотографија по излегувањето од болница: Еве како изгледа сега (ФОТО)

popara19 јули, 20231min00
25bd03094eca039b574d4c64e3e2d821194b252f

Пејачката Мадона (64) ги загрижи обожавателите ширум светот на крајот на јуни кога беше објавено дека е во болница поради лоша здравствена состојба и тешка инфекција

Мадона сега за прв пат објави фотографија на Инстаграм на која цврсто држи плишана играчка.

Пред неколку дена „кралицата на попот“ им се заблагодари на своите фанови за сета поддршка што ја добива од ден на ден.

– Ви благодариме за позитивната енергија, молитвите и зборовите на исцелување и охрабрување. Ја почувствував вашата љубов. Јас сум на пат кон закрепнување и неверојатно сум благодарнa за сите благослови во мојот живот – ја започна приказната пејачката.

Рече дека откако за прв пат помислила на своите деца кога се разбудила во болница, нејзината следна мисла била дека не сака да ги разочара обожавателите или луѓето кои и помогнале да се подготви за нејзината претстојна светска турнеја, која беше откажана поради нејзината лоша здравствена состојба.

– Првата мисла кога се разбудив во болница ми беа децата. Мојата втора мисла беше дека не сакам да разочарам никого што купил билети за мојата турнеја. Исто така, не сакав да ги изневерам луѓето кои неуморно работеа со мене во последните неколку месеци на создавањето на мојата турнеја. Не сакам никого да разочарам.

Пејачката потоа додаде дека се фокусира на своето здравје и станува посилна

– Ве уверувам, ќе се вратам штом можам – го заврши таа своето излагање.

Screenshot 2023-07-19 194116
Screenshot 2023-07-19 194131
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag