Оваа поза предизвикува најмногу скршеници на пенисот!
Каубојката или секс позата во која жената е горе е една од најомилените кај припадниците на посилниот пол, но и најопасната, тврдат бразилските истражувачи од Универзитетот „Кампинас“ кои ги анализирале податоците за скршениците на пенисот од 2000-та до 2013-та година. Таа поза предизвикува најмногу скршеници на пенисот.
Речиси 50 проценти од повредите на пенисот се резултат на секс поза во која партнерката е горе.
Втората најопасна поза е „доги стил“, која резултирала со повреди во 30 отсто од случаите, додека 21 отсто од мажите биле повредени во мисионерската поза, пишува „Glamour“.
Истражувачите утврдиле дека тоа е затоа што жената со целата тежина го притиска пенисот во ерекција и целосно ги контролира движењата.