Иако манипулаторите користат различни техники за да ве убедат во нешто, постои една група на луѓе што не можат да ја контролираат.
Тоа зависи од карактеристиките на самата личност и нејзините внатрешни сфаќања. Затоа, во врска мажите не можат да манипулираат со жени кои имаат одредени карактеристики, а еве неколку.
- Тие се фокусирани на сегашноста
Токму оние жени кои го живеат секој момент и не се враќаат во минатото не паѓаат на празни ветувања. Тие го ценат своето време, не се плашат за иднината и не дозволуваат другите луѓе да им го нарушат мирот и да им губат од драгоценото време.
- Не се зависни од други луѓе
Таа не се врзува премногу за луѓе или одредени активности. Таквата жена е свесна дека тоа не ја дефинира. Емоционалните врски го зголемуваат ризикот од уцена и манипулација. Таа знае како да ужива во животот, но знае и каде се границите.
- Фокусирани се на своите цели
Таа е фокусирана на својата цел, но не зборува за тоа и не ги открива своите планови на сите. Не се откажува така лесно, а ниту еден маж не може да ја спречи да ги оствари своите соништа. Таа е фокусирана на тоа што сака да стане и што сака да има во животот.
- Внимателно ги избираат пријателите
Мудрите жени се свесни дека нашата околина е, всушност, наше огледало. Таа се опкружува со луѓе кои ја инспирираат и кои се изградени личности. Таквите личности не се цел на манипулативни личности. Не троши време на празни врски, го живее својот живот и учи од другите луѓе. Од друга страна, таа ја цени чесноста, добрината, самопожртвуваноста, но и сопствената и туѓата слобода.
- Не ги осудуваат другите
Манипулаторите сакаат да ги критикуваат другите луѓе, да ги откриваат нивните тајни и да ја вовлечат другата личност во таа мрежа на токсични односи. Сепак, изградените личности не подлегнуваат на ова бидејќи ги интересира само сопствениот живот. Ако ја поседувате оваа особина, најверојатно нема да им бидете интересни на манипулативните луѓе.