МАЖИТЕ СЕ ВИНОВНИ – ВЕЛИ ЕКСПЕРТОТ: Еве колку во просек трае односот, за многумина ова е прекратко

popara9 март, 20231min00
676

Додека неодамнешните студии покажаа дека сексот во просек трае околу седум минути, почитуваниот експерт д-р Хари Фич, кој е специјализиран за лекување машки сексуални проблеми, тврди дека дури и тоа е претерување.

Во истражувањето за неговата книга „The Naked Truth – Ultimate Sex Education for Adults“, тој открил дека дури 43 отсто од паровите во просек не водат љубов подолго од две минути или околу 120 секунди, пишува „Australian Star Observer“.

Како главни „виновници“ за тоа тој ги наведува мажите, иако предвремената ејакулација се смета за состојба во која сексуалната возбуда не може да се контролира повеќе од една минута. Повеќе од 90 отсто од жените не можат да доживеат кулминација во рок од две минути, па нивното задоволство е дефинитивно неостварено во таквиот секс.

„Постои голема варијација помеѓу паровите, па некои навистина водат љубов и до еден час, но има значително повеќе чии страсни сесии се кратки“, вели Фич.

Тој додава дека мажите кои не можат да го одложат оргазмот две минути од почетокот на сексот, но ни да го доживеат по 40 минути водење љубов, дефинитивно треба да посетат лекар бидејќи таквите проблеми можат да се ублажат. Во просек, паровите водат љубов два пати неделно, а последица од краткото траење на сексот секако е немањето желба за него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag