За време на првиот состанок, сите сакаме да знаеме нешто за личноста со која излеговме. Сепак, мора да се знае каде е границата и никогаш да не се поставуваат одредени прашања.
Очигледно, сакаме да знаеме што е можно повеќе, но можеби е подобро да оставиме сè да си оди по својот тек. Според „Your tango“, има пет прашања што мажот никогаш не треба да и ги постави на девојката на првиот состанок.
1. Не поставувајте ниедно прашање чиј одговор е број
Тука спаѓа и нејзината возраст, колку кирија плаќа и колку време е на работното место и слично. Тука спаѓа и колкава и е платата, колку пати неделно оди во теретана и колку деца планира да има. Овие прашања се во ред откако добро ќе се запознаете, но за прв состанок тоа е премногу. Знаете дека жените се вознемируваат кога ќе ги прашате за нивната возраст.
2. Не ја прашувајте зошто е страсна за нејзините омилени работи
Ако не ја разбирате нејзината гледна точка, прашањето само ќе ја нагласи разликата. Не прашувајте зошто е опседната со одреден жанр на филмови или зошто сака кучиња. Наместо тоа, фокусирајте се на она што ви е заедничко. Откако ќе се запознаете подобро, ќе и биде полесно да ја објасни својата перспектива.
3. Не прашувајте за нејзините искуства во врска
Ништо не е понезгодно на првиот состанок отколку да одговорите „Кога беше вашиот последен состанок? или „Кога последен пат сте биле интимни?“. Единственото нешто што ќе направите со тие информации е да ја судите неа. Ако каже пред шест месеци, ќе се запрашате зошто оттогаш не излегува со никого. Ако таа каже минатата недела, ќе помислите дека сте само стотиот по ред. Ништо од тоа не е ваша работа.
4. Избегнувајте да зборувате за поранешните момчиња
Никогаш не прашувајте „Колку траеше твојата најдолга врска? или „Дали некогаш си била со помлад дечко?“. Не е време да прашувате нешто за другите момци. Дајте ѝ шанса да се чувствува удобно со вас (барем неколку состаноци) пред да ја прашате за нејзините минати врски.
5. Не прашувајте каде одела на факултет или што прават нејзините родители
Овие типови прашања ќе се појават како прашања од типот на интервју. Ако таа самата не ви каже, никогаш не ги започнувајте овие теми прво. Ако сфати дека можеби сте отишле на подобар факултет од неа, може да се појави несигурност и повлекување. Жените се многу чувствителни и мора да бидете внимателни со тоа.