Полицијата приведе маж откако бил виден како врши нужда во градината на соседот на Пирс Броснан, пред да упадне во домот на познатиот актер.
Тој наводно прошетал во неговата градина, по што провалил во куќата каде што ја користел водата за да се исчисти, пренесува Sky News.
Осомничениот потоа побегнал од местото на настанот, но полицијата со помош на хеликоптер успеала да го пронајде на брегот. Не е познато дали Броснан бил во куќата за време на инцидентот.
Ова не е прв пат некој да упадне во имотот на актерот во Малибу, бидејќи минатата година тој поднел барање за забрана за приближување на жена за која рече дека го вознемирувала него и неговото семејство.
Според американските медиуми, тој обвини 55-годишна жена дека паркирала пред неговата куќа, и дека го демнела него, неговото семејство и нивните гости.