Покрај внатрешноста и надворешноста, претпразничното време е совршено и за украсување на сопственото тело. Доколку планиравте да направите тетоважа, постудените месеци од годината се вистинскиот избор за ваков потфат.
Тату артистите истакнуваат дека летото не е вистинско време за нова тетоважа, па најдобро е тоа да се прави во овој период од годината, за убаво да заздрави во текот на следните месеци и да биде подготвена за пролет и лето.
И додека некои го покриваат целото тело со мастило, други претпочитаат мали, пристојни тетоважи кои обично кријат некое подлабоко значење. Луѓето за кои е важно нивната тетоважа да има значење кријат важен датум, порака од саканата личност или детал што ги врзува за некои убави спомени под сликата.
Со брз поглед на социјалните мрежи, можеме да видиме дека тетоважите со мотиви за домашни миленици се едни од најпопуларните во денешно време.
Од конкретните – во кои уметниците копираат портрет на куче или мачка, до оние што се малку поапстрактни, па сè до тетоважи во кои тешко дека ќе го препознаеме животното – во галеријата подолу имаме неколку идеи кои ќе ви помогнат да ја изберете најслатката минијатурна тетоважа за посвета на вашето сакано милениче.