Потребно е:
околу 3 шаки наут
2 супени лажици маслиново масло
глава на кромид
2 моркови
2 ловорови листови
сол
бибер
Подготовка:
Наутот натопете го преку ноќ во вода, добро исплакнете го и исцедете го пред да ја подготвите супата. На маслиново масло пропржете ги ситно сечканиот кромид и морков додека не омекнат. Во тенџерето додадете го наутот и додадете вода колку да го покрие. Ставете два ловорови листови и зачинете со бибер и сол по желба. По 30 минути, кога наутот е целосно сварен, измешајте ги сите состојки за да добиете густа текстура на супа. Можете да оставите мала количина сварен наут за посипување врз супата. Супата можете да ја посипете со ситно сечкан свеж магдонос.