Мал црн фустан кој ги истакнува витките нозе и фигура: Ен Хатавеј знае во кои парчиња изгледа најдобро

popara31 јануари, 20231min00
anne-hathaway-2-830x0

На црвениот тепих, гламурозните настани, премиерите и модните ревии, Ен Хатавеј секогаш ги засенува сите присутни со едноставни парчиња кои само таа може толку ефикасно да ги носи. Нејзиниот женски изглед, витката линија и долгите нозе се нејзин заштитен знак и тоа знае секогаш да го истакне со гардеробата, шминката и фризурата.

На неодамнешната премиера на нејзиниот нов филм „Eileen“ на филмскиот фестивал Санденс, таа се појави во мал црн фустан.

Нејзиниот мини фустан од твид на Версаче беше украсен со карирани детали од тантела и проѕирен мрежест грб. За „grunge“ естетиката придонесоа деталите во вид на чорапи и црни платформи, како и пуфер јакна во која накратко позираше.

Овој стил не е тежок за копирање, се што ви треба е да почнете да барате во продавниците на „second hand“ е црн мини фустан, кој можете дополнително да го модифицирате сами.

Актерката ја обликуваше својата црна коса во бранови и се одлучи за минимална шминка, едвај видлива сенка и црвеникава боја на усните. За аксесоари убавицата носеше мала чанта, мало златно ланче, златни обетки, сребрена нараквица и неколку прстени.

Во нејзината модна интерпретација станува јасно зошто малиот црн фустан е незаменливо парче облека.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag