„Самовилскиот маникир“ е најубавиот тренд во моментов. Многу е суптилен за секојдневно носење, но доволно е свечен за формални настани, бидејќи на секој „изглед“ му додава магија.
Трендот за „Fairy“ маникир, инспириран од самовилите, е забавен, светкав, лесно нослив и професионален во исто време. Светкавите нокти се главен тренд, без разлика на деценијата. Затоа „самовилскиот“ маникир е само подтип на трендот на светкави нокти. Овој стил вклучува боја во пастелна или бисерна основа, со дуо – хром светки што ја менуваат бојата.
Магијата на овие нокти е во нивната едноставност. Тие ја претставуваат најлесната форма на уметност за нокти, за која не ви се потребни алатки и трикови. Најголем тренд во моментов е „чистиот“, но украсен маникир. Сите блескави завршетоци, почнувајќи од „глазираните“ до трендот на светки, лесно се постигнуваат самостојно или преку некоја боја со помош на „top coat“.
Сјајните, магични нокти не се само убави за изглед, тие се практично направени за домашен маникир. Можете да изберете светкав лак кој ќе го нанесете во еден или два слоја, или пак да најдете „top coat“ со овој ефект кој ќе го нанесете преку некоја боја. Со вакви нокти сигурно ќе бидете забележани, а секој стајлинг ќе го комплетираат со примеси на дискретна елеганција.