На социјалните мрежи кружи снимка од сестрата на Мараја Кери,Алисон, оја се жали дека нема пари да среди нови заби,што и претставува голем проблем за нормално функционирање.
Планетарната популарна пејачка Мараја Кери во текот на кариерата успеала да заработи огромна сума на пари,но тоа не и донесе среќа.Имено,покрај љубовниот бродолом,кариерата на Марија ја следеа и семејни скандали.Таа во своите мемоари изјавила дека нејзината сестра Алисон постојано ја ставала во лоши ситуации,а една од многуте била тоа што ја оставила кај своето момче,кое подоцна се покажало дека е макро. Покрај тоа, таа исто така тврдеше дека нејзината сестра ја малтретирала и и дала валиум,а по овие обвинувања Алисон поднела тужба против Мараја.
Конфликтот меѓу сестрите не стивнува,и токму затоа на Мараја не и е грижа што Алисон живее на работ на егзистенција.На тикток се појави снимка од сестрата на Марија,која вели дека живее напорно и нема пари да си ги среди забите,што многу и треба.
– Јас сум Алисон Кери и за жал живеам без заби.Не успеав да ги заменам.Посакувам да можам да ги заменам,но едноставно немам пари и така стојат работите.Речиси е невозможно да се направат некои работи без заби.Тоа е се што навистина имам да кажам – вели таа во видео кое се шири на социјалните мрежи,пренесува Mirror.
@didyoucatchthis Alison Carey Updates Public, Says “She Can’t Afford Teeth”. #mariahcarey #foryou #xyzbca #trending ♬ original sound – Did You Catch This?