Речиси секоја година за време на божиќните празници најчестата песна е „All I Want For Christmas Is You“ во изведба на Мараја Кери (54).
Но, оваа недела на листата на Billboard Hot 100, песната „Rockin’ Around The Christmas Tree“, која ја отпеа Бренда Ли (74) го зазеде првото место.
Пејачката Бренда ја снимила таа песна кога имала само 13 години. Песната стана апсолутен хит, а воедно и најстара на врвот на листата.
Иако песната на Мараја Кери беше стара 25 години кога првпат беше на врвот на топ листите, Бренда сега стана најстариот изведувач што некогаш бил на врвот на топ-листата Billboard Hot 100.
„Стана магично, трудот се исплатеше“
– Среќна сум за сите што работеа толку напорно за да се случи ова – изјави пејачката за Билборд.
Очигледно песната станала омилена по филмот „Сам дома“, а вели дека е среќна бидејќи напорната работа на песната конечно се исплатела.
– Навистина стана магично – заклучила таа.