Освежителен, овошен коктел со примеси на егзотика е совршен пијалок за летните вечери или забавни дружења со пријателите… Уживајте!
Состојки:
четири чаши сечкана лубеница
половина шолја текила
четвртина шолја трипл сек
третина шолја сок од лимета
една лажица мед
чаша мраз
морска сол, две кругчиња лимета
Подготовка:
Исчистената лубеница ставете ја во замрзнувач да отстои преку ноќ. Рабовите на две чаши за маргарита истријте ги со парче лимета, а потоа посолете и оставете ги на страна. Во блендер истурете текила, сок од лимета и трипл сек, додадете мраз, лубеница и мед и сè убаво изблендирајте. Исцедете во чаша, украсете со парчиња лимета и сервирајте.
На здравје!