Маргарита со сок од јаболко е едноставен и многу вкусен коктел. Со богат вкус, но не премногу сладок, идеален е за првите вечери кога облекуваме јакни или други слоеви. Основните состојки се исти како за маргарита, а додавањето на сок од јаболко, цимет и јаворов сируп ќе го направи речиси како десерт.
Се пие и од чаша со солен раб, но сега со шеќер и цимет. Чашите можете да ги декорирате и со стапчиња цимет и јаболка – а за помалку од десет минути од коктелот можете да направите вистинско искуство.
Количините во рецептот се за 8 порции/чаши, односно за цел бокал маргарита со сок од јаболко.
Состојки:
360 мл сребрена текила
60 мл ликер од портокал
480 мл сок од јаболко
240 мл свеж сок од лимета
60 мл јаворов сируп
шеќер со цимет и крупна морска сол, за работ на чашата
парчиња јаболка, стапчиња цимет – за сервирање
Подготовка:
Во голем бокал измешајте ги текилата, ликерот од портокал, сок од јаболко, сок од лимета и јаворов сируп. Се лади во фрижидер.
Пред сервирање, во сад измешајте шеќер со цимет и сол, а потоа навлажнетиот раб на чашите потопете го во смесата.
Истурете ја маргаритата во чаши и украсете со парчиња јаболка и стапчиња цимет.