Оваа позиција не и е непозната,бидејќи неколку пати ја освојувала.Австралиската актерка Марго Роби беше секако најмногу медиумски покриена оваа година,особено по филмот „Барби“ и овој „розов тренд“ кој го носеше повторно и повторно, дури и по филмот.
Познатото списание „Maxim“ конечно ја објави листата на 100 најубави жени во 2023 година во своето австралиско издание.На насловната страница на овој магазин беше објавено дека Марго го освои првото место на оваа листа.
Оваа титула не и е непозната,бидејќи постави рекорд во оваа „дисциплина“ Ова е четврта година како таа е прогласена за најжешка жена во тековната година.Со тоа Марго е гордо првата дама која постигнала вакво нешто.
View this post on Instagram
Второто место на оваа листа го освои Сем Кер,потоа Делта Гудрем и Софи Монк,а на петтото место Џи Флип.