Адријана Лима со години на ист начин се грижи за својата коса
Една од најубавите жени на светот, Адријана Лима (41), се обидува да ја доведе својата фигура во ред по породувањето. А оваа убавица со години поради описот на работното место внимава да се храни здраво и да вежба.
Па така, таа честопати зборувала за своите здрави навики, а овесните снегулки се само дел од нив. Не поминува утро без таа да изеде чинија од оваа здрава храна. Кога станува збор за исхраната и изгледот, Адријана комбинира две во едно. Авокадото е на топ-листата на нејзините омилени јадења. Она што е интересно е дека токму оваа храна е заслужна за нејзината долга црна коса.
“Секогаш ставам малку згмечено авокадо во маската или регенераторот за коса и ви гарантирам дека ќе биде посјајна од било кога. Не се шегувам! Авокадото нема силен мирис, па вашата коса нема да мириса чудно”, откри убавата Бразилка.
Тоа е исто така незаменлив дел од нејзината исхрана. Авокадото е познато по бројните здравствени придобивки – го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот и е одлично за здравјето на мозокот поради високиот процент на омега-3 масни киселини и витамин Е, како и за здравјето на срцето.