Разгалете го лицето со феноменална маска
Во сад ставете една лажица ленено семе и прелијте ја со третина шолја зовриена вода, мешајте неколку минути и потоа покријте ја со салфетка и оставете ја да отстои до вечер. Таа вечер процедете ја смесата. Користете ја желатинозната водена маса во која се оставени семките од лен.
Нанесете го овој препарат од ленено семе на исчистеното лице и врат. Не треба да се грижите за избегнување на пределот околу очите, слободно нанесете го растворот и таму. Кога маската ќе се исуши на лицето, повторно нанесете. Повторете ја оваа постапка пет пати.
Ефекти на маската од ленено семе:
Ги крева цртите на лицето, ја тонизира и затегнува кожата
Ги намалува широките пори
Ја хидрира кожата
Служи и како пилинг за кожата
Го намалува вишокот на себум на мрсна кожа
Помага да се спречи формирањето на акни и да се отстранат мозолчињата од лицето
Го успорува создавањето на брчки и го елиминира создавањето на фини линии на лицето бидејќи има својства кои интензивно го забавуваат стареењето.