Маска за лице: Совршена за затегнување на кожата и намалување на појавата на брчки (РЕЦЕПТ)

popara17 февруари, 20231min00
Screenshot_4

Ви ја препорачуваме генијалната маска за затегнување на лицето од ленено семе за сите типови кожа. Треба да направите вкупно 12 третмани во текот на 12 последователни денови, а потоа нема да можете да се препознаете себеси – ќе изгледате фантастично!

 

 

 

 

Својства на лененото семе:

Семето од лен содржи голема количина калиум, магнезиум, витамин Е и есенцијални аминокиселини, вклучувајќи ги и омега-3 масните киселини. Не само што благотворно делува на здравјето на човекот, туку е и одлично козметичко средство за нега на кожата.

 

Најинтересната компонента на лененото семе е фитоестрогенот. Благодарение на фитоестрогените, кои ги добиваме преку храната, кожата на жените останува убава и млада, дури и на позрела возраст. Фитоестрогените ја прават кожата мазна, еластична, го активираат регенеративниот процес и ја подобруваат структурата на косата и ноктите.

 

Преку оваа маска лененото семе во вашето поткожно ткиво ги вметнува своите лековити и подмладувачки масти и на кожата ѝ ја враќа младоликата затегнатост во набраните и опуштените делови од лицето, особено во чувствителните зони како делот околу очите каде што кожата е најтенка и најсклона кон создавање на брчки.

 

Подготовка на ленената маска:

Најдобро е да купите цели семки од лен и сами да ги мелете секои 2-3 дена за постојано да имате свежа доза. Можете да ги мелете во мелница за кафе или во блендер и притоа не мора да ги направите брашно, доволно е само малку да ги раздробите.

 

Купувајте висококвалитетно ленено семе, без знаци на влага, а чувајте го добро затворено на ладно, темно и суво место.

 

Маската подготвувајте на наутро, а користете ја секоја вечер.

 

Во сад ставете 1 лажица ленено семе и прелијте го со 1/3 чаша врела зовриена вода. Промешајте неколку минути, а потоа покријте го садот со салфетка и оставете го да стои така до вечер.

 

Вечерта процедете. Користете ја само густата желатинеста вода во која лененото семе ги пуштило своите лековити својства.

 

Употреба на ленената маска:

На исчистено лице и врат, нанесете ја маската со натопување на парче памук. Не мора да се грижите за избегнување на зоната околу очите, слободно нанесете и овде, само внимавајте да не ви летне директно во око. Кога маската на лицето ќе се исуши, нанесете повторно. Процедурата повторете ја вкупно 5 пати.

 

Обидете се додека трае постапката на нанесување на маската да не зборувате и да не се смеете. Најдобро е сè да правите во мир и тишина и да бидете опуштени.

 

Кога ќе завршите со постапката, измијте го лицето со вода (најдобро е ако можете со зовриена вода на собна температура) и намачкајте го лицето со хранлива крема, серум или масло.

 

По 12 секојдневни третмани ќе бидете непрепознатливи.

 

Ефекти на ленената маска:

  • Темелно го чисти лицето и ги отстранува нечистотиите од кожата
  • Ги подигнува контурите на лицето, ја тонира и затегнува кожата благодарение на своите лифтинг ефекти
  • Ги намалува големите пори
  • Ја хидрира кожата
  • Прави пилинг
  • Го намалува вишокот себум од масната кожа
  • Помага да се спречи настанувањето на акни и ја ослободува кожата од мозолчиња
  • Го забавува настанувањето на брчките и ги отстранува постоечките како резултат на своите својства на антистареење
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma