Еве и како
Брчките на деколтето и вратот се многу честа појава. Нашето тело старее и самата кожа ја губи својата еластичност. Не можеме целосно да ги отстраниме, но може да се намалат со помош на природни препарати кои ја враќаат еластичноста на кожата.
Маска од јајца, краставици и кокосово масло
Оваа маска нанесувајте ја еднаш неделно. Ова е доволно за да се види трансформацијата за кратко време. Ова се должи на различните хранливи материи во жолчките и неверојатните антиоксидантни својства на краставицата и кокосовото масло.
Состојки:
1 краставица (свежа или замрзната)
1 жолчка од јајце
1 лажичка кокосово масло
Подготовка:
Земете една мала краставица, излупете ја, исечете ја и ставете ја во блендер. Потоа измешајте ја заедно со јајцето и лажица кокосово масло додека не добиете паста. Нанесете ја смесата на исчистената кожа на лицето, вратот, деколтето и рамената и оставете да делува половина час. Исплакнете со многу ладна вода.