Омиленото овошје на многумина, бананата, може да се искористи за подготовка на маска која ќе ви помогне да ја опоравите косата, особено сувата и онаа оштетена од боење.
Бананата е богата со магнезиум, цинк, железо, јод, калиум, витамини А, Б, и Е, така што нејзиниот ефект ќе го забележите по само неколку третмани, односно дека вашата коса е посјајна и побујна.
За подготовка на маската потребни ви се: една банана, три лажици мед, четири лажици маслиново масло и три лажици млеко.
Најпрво со вилушка изгмечете ја бананата (можете и да ја изблендирате), потоа додадете мед, па млеко загреано на собна температура и маслиново масло.
Сè убаво измешајте, пред миење намачкајте на сува коса и добро втријте ја. По половина час исплакнете ја косата со млака вода, а потоа измијте ја како и обично.