МАТУРСКИОТ ФУСТАН на Цеца Ражнатовиќ предизвика бура на социјалните мрежи: Некои велат дека е кич и шунд, а други дека е тренди! Што мислите вие?

8 јуни, 20230
ceca_foto_srbijadanas_24

Пејачката отсекогаш сакала да привлекува внимание и да ги покажува своите атрибути.

Пејачката Цеца Ражнатовиќ и пред триесет години имала необични модни избори, како што понекогаш и денес не изненадува. А за тоа сведочи и нејзиниот фустан во кој се појавила на матурата. Иако оттогаш поминало многу време, сепак изборот на Цеца предизвикува дебати на социјалните мрежи – некои се воодушевени, некои згрозени.

Иако на деветнаесет години веќе била голема пејачка ѕвезда, родителите на Светлана не ѝ дозволиле да го запостави образованието, па матурирала со своите школски другари. Матурскиот фустан на Цеца Ражнатовиќ тогаш потполно одговарал со нејзиниот живот – кратко здолниште, надуени ракави и светло розова боја.

За љубителите на светкави и впечатливи фустани ова е вистинскиот избор, а пуф ракавите и циклама бојата се уште се многу актуелни, па може да се каже дека матурскиот фустан на Цеца се врати во тренд, а не е исклучено, на матура да ги носи нејзината внука Хелена Оцокољиќ. Меѓутоа, ако сакате да изгледате елегантно и соодветно во склад со своите години, тогаш ова не е за вас.

Цеца завршила средно училиште во родната Житораџа, а нејзините сограѓани сведочат дека била одлична ученичка и дека пеењето не ја спречувало да ги исполни обврските.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *