Состојки
– За пире од дуњи –
- 300 гр исечени дуњи на коцкички
- 100 мл вода
- сок од 1 лимон
- 60 гр брусница или суво грозје
– За тесто –
- 3 јајца
- 200 гр шеќер
- 200 гр омекнат маргарин
- 200 гр пире-то од дуњи
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1/2 ќесичка прашок за пециво
- 1 рендана кора од лимон
- по прстофат цимет и каранфилче
- 2 лажички рум (кој не го сака како мене нека не го става)
- 2 лажици рендано или ситно сецкано чоколадо
- 250 гр брашно
Подготовка на пирето од дуњи
Прелијте ги дуњите со сокот од лимон и налејте ја водата. Варете некои 15-20 мин мешајќи. Смесата потоа испасирајте ја, додајте го сувото овошје, измешајте и оставете да се лади.
Јас ги правев Локумите од дуњи на Лили, па од таму си одделив 200 гр и додадов брусница.
Подготовка на мафините
Изматете го маргаринот со шеќерот и ванилата, а потоа додавајте ги јајцата едно по едно. Додадете ги и сувите состојки, а потоа со лажица вмешајте го пирето од дуњи (потребно е 200 гр) , кората од лимонот, чоколадото и румот.
Тестото е малку густо, па ќе треба внимателно да го набиете во калапите за мафини, а можи и во оние за мини куглофи и исто така можи и во тава да се печи.
Печете на 180Ц 20на мин. Доколку печите како колач, печете уште 10на мин повеќе. Проверете со чепкалка.
Печените мафини, подоладете ги во калапот пред да ги извадите и пред служење посипете ги со шеќер во прав.
* Наместо пире од дуњи исто така можи да се спреми и со јаболка, но јас се уште не сум пробала.