МАФИНИ со СПАНАЌ и ФЕТА СИРЕЊЕ! Најмеки и највкусни!

popara28 февруари, 20231min00
669863_mafini_f

Ова се, без претерување, најсовршените мафини со спанаќ и фета што некогаш ќе ги вкусите… Уживајте!

Состојки:

две лажици маслиново масло

една лажичка сол

половина кесичка прашок за пециво

60 гр остро брашно

50 гр пармезан

три јајца

300 гр фета сирење

150 гр спанаќ

лажичка сув зачин

Подготовка:

Исечкајте го спанаќот, посолете го и оставете го да отстои пет минути. Измешајте ги жолчките со маслиновото масло, додадете го пармезанот, сувиот зачин, исцедениот спанаќ и сечканото фета сирење. Сè убаво измешајте, па додадете ги брашното, прашокот за пециво и белките претходно изматени во тврд снег. Соединете, па со лажица ставете ја смесата во подмачкани калапи за мафини. Печете во рерна на 180 степени околу 25 минути.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag