Машки ЛАГИ на кои паѓаат и НАЈИНТЕЛИГЕНТНИТЕ ЖЕНИ

popara2 мај, 20231min00
Screenshot_6

Речиси и да нема припадничка на понежниот пол што не ги слушнала овие зборови барем еднаш…

 

 

 

Машко-женските односи можат да бидат многу комплицирани. Желбите и емоциите често знаат да не се совпаѓаат што доведува до лажење, манипулативно однесување и калкулации. Без разлика колку сте интелигентни или успешни, емоциите честопати можат да ја заматат нашата вистинска слика за некого.

Според некои истражувања, според локалните медиуми, мажите се повеќе склони кон лажење и манипулативно однесување. Кога не ве гледаат како личност за сериозна врска или не сте негов приоритет, тогаш тој ќе каже една од овие реченици.

 

  1. Сè уште не сум подготвен за врска

Веројатно сте ја слушнале оваа реченица порано. Толку често се вели дека станува еден од честите изговори за избегнување сериозна врска. Најмногу го изговараат мажите кога само страста ги врзува за одредена жена. Овие зборови нема да ги слушнете од личност на која навистина и се допаѓате. На овој начин мажите само купуваат време и се обидуваат да ги постигнат своите површни и краткорочни цели.

 

  1. Многу сум зафатен/имам многу работа

Во денешно време кога животот е многу побрз и полн со обврски, природно е дека партнерот нема секогаш да има време да ви се посвети. Но, кога ќе почнете да забележувате дека вашата сакана личност се однесува постудено, работи повеќе од вообичаено, не ве прави приоритет дури и кога тој е во можност – размислете добро за неговото однесување.

 

  1. Никогаш не сум запознал девојка како што си ти

Мажите знаат дека жените се заљубуваат во она што го слушаат. Не наседнувајте на слаткоречивоста на елоквентноста и гледајте назад на неговите дела. Кога сакаат да заведат, можат да ја кажат оваа реченица само за да го постигнат она што го наумиле. Не дозволувајте лесно да ве заведе, бидејќи постојат големи можности оваа фраза да ја кажал и на други девојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag